Предновогодишните активности во СУГС Гимназија “Орце Николов”

Со цел будење на празничниот и новогодишниот дух, пред зимскиот распуст во СУГС Гимназија “Орце Николов” беа организирани неколку настани, вклучувајќи ги хуманитарната новогодишна филмска вечер и новогодишниот базар.

Филмската вечер се оддржа на 27.12. во холот на училиштето со почеток од 18:30 часот. Организиран од страна на Хуманитарниот клуб, УЗО и Филм клубот, овој настан со уникатен карактер им овозможи на гледачите да го изберат и да го гледаат филмот “How the Grinch stole Christmas“. Покрај тоа на гледачите им беше овозможено филмот да го проследат седејќи на душеци, со свои ќебиња и перници.

Новогодиниот базар, кој беше придружен од предновогодишна забава, започна во 11:45 часот, следниот ден. Се работи за настан од забавен карактер на кој имаше пеење, многу музика, како и оригинални и домашни изработки од учениците.

-Напишал: Горјан Азманов II-8

Галерија