Настани
УЗО го поттикнува и бодри младинското учество на учениците во нашето училиште за севкупно подобрување на средношколското искуство. Па така, учениците кои членуваат во активните клубови ги подготвија следните настани и иницијативи.
-

Предновогодишните активности во СУГС Гимназија “Орце Николов”
Со цел будење на празничниот и новогодишниот дух, пред зимскиот распуст во СУГС Гимназија “Орце Николов” беа организирани неколку настани, вклучувајќи ги хуманитарната новогодишна филмска вечер и новогодишниот базар. Филмската вечер се оддржа на 27.12. во холот на училиштето со почеток од 18:30 часот. Организиран од страна на Хуманитарниот клуб, УЗО и Филм клубот, овој…
-

“Кој (не)сака да биде Дедо Мраз” – новогодишна претстава
По повод новогодишните празници, на 25.12.2023 г., на сцената во холот на нашето училиште беше изведена новогодишна претстава “Кој (не)сака да биде Дедо Мраз” , за првачињата од ОУ “Христијан Тодоровски Карпош”. Замислена да ги исполни со радост и среќа, да ги насмее и забавува, првачињата имаа средба и со Дедо Мраз, со кого се…
-

Отворен клупски ден
Во соработка со сите 14 училишни клубови по иницијатива на УЗО беше одржан отворен клупски ден на 14.12.2023, во холот на нашето училиште. Сите стари и новооформени клубови имаа шанса да ја претстават својата работа, своите планови и оние кои имаа потреба од нови членови го искористија моментот за отварање на нови апликации.
-

Од срце за Лео
Од срце за Лео! Со срдечност и младинска иницијатива, средношколците од СУГС ,,Орце Николов” обединето организираа хуманитарен концерт, со намера да се помогне во лекувањето на младиот Леонид Индов. Во кругот на гимназијата се спроведе хуманитарна акција, при што сите средства собрани од настанот беа директно донирани за Лео, надарено младо момче, кое по тешка…

