Co-managed Schools – „EmpowerEd: Fostering Student Voice in High School“

Co-managed Schools – „EmpowerEd: Fostering Student Voice in High School“. Првата активност на овогодинешното раководство започна уште во месец септември. Претседателот, Марија Стерјева и потпретседателот, Калин Бесовски од раководството на УЗО, заедно со професорката по македонски јазик и литература Маријана Г. Ристевска, беа дел од четридневен тренинг во Струга. Во период од 24.09-27.09.2023, претставниците од нашата гимназија, заедно со осум други средни училишта, развиваа модел за ко-менаџмент тело, за носење одлуки во средните училишта. Користејќи го овој модел, младинското учество добива специфична форма, така што младите добиваат можност заеднички да дискутираат како рамноправни партнери и да носат одлуки кои се однесуваат на секојдневниот училишен живот, заедно со наставниците и училишните служби. Проектот е ко-финансиран од Европската унија, во рамки на програмата Еразмус+, со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. А, нашето училиште како едно од осумте пилот училишта низ нашата земја, веднаш по враќање од овој тренинг започна со имплементација на истото и во текот на престојниот период учествуваше на уште 2 настана организирани од страна на ,,LEAD”.

  • Првиот беше одржан на 23.11.2023, каде што учество зедоа и други средни училишта, со цел презентирање и консултација на моделот на ко-менаџмент телото во средните училишта.
  • Додека пак вториот настан (20.02.2024) беше онлајн и претставуваше консултативен состанок, со цел следење на процесот на имплементирање на овој модел во изминатиот период.

Напишала: Марија Стерјева IV-9

Галерија