“Кој (не)сака да биде Дедо Мраз” – новогодишна претстава

По повод новогодишните празници, на 25.12.2023 г., на сцената во холот на нашето училиште беше изведена новогодишна претстава “Кој (не)сака да биде Дедо Мраз” , за првачињата од ОУ “Христијан Тодоровски Карпош”.

Замислена да ги исполни со радост и среќа, да ги насмее и забавува, првачињата имаа средба и со Дедо Мраз, со кого се фотографираа, им подели пакетчиња и им посака остварување на нивните желби.

Идејата и реализацијата на настанот беше од проф. по македонски јазик и литература Драгица Јанкуловска, заедно со ученици од 4та година, во соработка со Хуманитарниот клуб.

Галерија