Подигнување на свеста за одржување на училишниот инвентар

На 18ти Декември 2023 година, на сцената во холот на нашата гимназија, за време на класниот час во двете смени, се одржа кратка театарска претстава со забавно-едукативен карактер. Целта беше подигнување на свеста на нашите соученици во правец на грижа и чување на училишниот инвентар. Претставата беше организирана од УЗО, во соработка со проф. Драгица Јанкуловска и ученици од 4та година. По завршување на претставата се одржа квиз на кој, учениците кои ја следеја претставата требаше на одговорат на прашања поврзани со правилникот – Куќниот ред на училиштето. Во текот на целата година ќе има слични активности на оваа тема, а ќе бидат постирани и постери, хамери и други изработки, во соработка со клубот “Миле Китич и Раскитич”.

-Напишала: Јана Ивановска I-7

Галерија