Кус историјат на УЗО

Во периодот април-јули 2016 година, во гимназијата ,,Орце Николов” започна проект кординиран од Фондацијата ,,Конрад Аденауер” и невладината ,,Младите Можат” со цел да се изгради капацитетот на одреден број ученици околку осмислување, формирање и раководење на успешна училишна заедница во гимназијата. Проектот беше реализиран преку три модули кои вклучуваа предавања поврзани со проектот, симулација на функционирање на училиште, како и стратешко планирање на училишната заедница. По составувањето на правилникот и акцискиот план на училишната заедница во септември 2016 година почна процес на информирање за проектот, формирање на првична уз како и избор на раководство. Ученичката заедница на СУГС Гимназија ,,Орце Николов” активно функционира од октомври 2016 година.

Оттогаш, УЗО единствено расте. Организациските капацитети на заедницата сѐ повеќе се зголемуваат и самата заедница, како Ученички совет, добива сѐ поголема моќ на делување. Гласот на учениците сѐ повеќе се слуша и артикулира токму низ мрежите кои УЗО ги има создадено изминатите десет години.