Од срце за Лео

Од срце за Лео! Со срдечност и младинска иницијатива, средношколците од СУГС ,,Орце Николов” обединето организираа хуманитарен концерт, со намера да се помогне во лекувањето на младиот Леонид Индов. Во кругот на гимназијата се спроведе хуманитарна акција, при што сите средства собрани од настанот беа директно донирани за Лео, надарено младо момче, кое по тешка сообраќајна незгода се соочува со сериозен здравствен предизвик. Концертот се одржа на 09.11. со почеток во 12.30 часот, во организација на Хуманитарниот Клуб на гимназијата. Од големо значење беше присуството на спонзорите и нивниот придонес. Не само што се собраа значителни средства за лекувањето туку се разбуди и духот на солидарноста кај оние кои беа сведоци на посветеноста на учесниците. Истите, заедно и несебично укажаа на можноста за употреба на моќта на музиката за поголема цел, нагласувајќи ја важноста на активизмот во заедницата.

  • Напишано од: Миа Цветковски IV-6

Галерија