Училишна заедница на СУГСГ "Орце Николов"

Формирање на Училишната Заедница

Во периодот април-јули 2016 година, во гимназијата ,,Орце Николов” започна проект кординиран од Фондацијата ,,Конрад Аденауер” и невладината ,,Младите Можат” со цел да се изгради капацитетот на одреден број ученици околку осмислување, формирање и раководење на успешна училишна заедница во гимназијата. Проектот беше реализиран преку три модули кои вклучуваа предавања поврзани со проектот, симулација на функционирање на училиште, како и стратешко планирање на училишната заедница. По составувањето на правилникот и акцискиот план на училишната заедница во септември 2016 година почна процес на информирање за проектот, формирање на првична уз како и избор на раководство. Училишната заедница на СУГС Гимназија ,,Орце Николов” активно функционира од октомври 2016 година.