Секоја година во гимназијата се организира предновогодишна забава во месец декември. Организатори на настанот се ИТ секторот на училиштето како и училишната заедница по нејзиното формирање. Целта на забавата е промовирање на самата гимназија, средношколски бендови, артисти, како и собирање средства за доброволни цели. Настанот е еден од најпосетените средношколски забави и привлекува над седумстотина посетители. Забавата се одржува обично третата недела од декември.