Училишна заедница на СУГСГ "Орце Николов"

За нашата заедница

Дознајте повеќе за нас

За нас

Училишната заедница е составена од претставници од сите класови, има свое претседателство составено од претседател, потпретседател и секретар, кој се избрани од самите членови. Главната улога на Училишната Заедница е да ги застапува интересите на учениците и да учествува во носењето на одлуки кој ги засегаат нив. Има задача да организира настани, работилници, проекти со цел да ги подобри образованието и атмосверата во самото училиште. Има задача да ја води комуникацијата, и да претставува врска меѓу учениците и училишните служби. Училишната Заедница на СУГС Орце Николов е формирана во септември 2016 година, откако со помош на фондациајта Конрад Аденауер, беше изграден капацитетот на низа ученици кој понатаму помогнаа во создавањето на училишната заедница. Крајна цел е воспоставување соработка меѓу училишните заедници на сите средни училишта низ Скопје и Македонија.